Четиринаесет граѓани на Тетово изгореа живи, а за Зоран Заев ова е банална работа!
Зошто тој не ги прифаќа поднесените оставки? Со тоа потврдува дека фотелјата и негова и на Венко Филипче се поважни од секој друг вид мотив!

Ваква е реакцијата на Елми Азири, пратеникот на опозициската Алијанса на Албанците и професор по економија на Штуловиот универзитет во Тетово, на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој денеска во одговор на новинарско прашање изјави дека „темата за тетовската модуларна болница и за оставките станала банална“.

Ова не е првпат Заев да се поставува во заштита на криминалот и корупцијата:
скандалот со пасошите за меѓународни криминалци, скандалот во Министерството за надворешни работи со уапсениот дипломат, заштитата на Кичеец, бизнис-интересите на неговиот тесен круг… – вели Азири во својата реакција на нерифаќањето на оставките по повод тетовската трагедија и обидот на Заев да ја банализира трагедијата.