Американскиот претседател Џо Бајден денеска го отвори вториот Самит за демократија со најава дека САД ќе инвестираат 690 милиони долари во програми за зајакнување на демократијата ширум светот.
Бајден рече дека неговата администрација сака да и помогне на „технологијата да работи за, а не против демократијата“ за време на дводневниот самит на кој присуствуваа 120 светски лидери.
Самитот, кој Бајден вети дека ќе го одржи како демократски претседателски кандидат во 2020 година, стана важен дел од напорите на неговата администрација да изгради подлабоки сојузи и да влијае на автократските држави да се демократизираат.
Парите што ќе ги инвестираат САД ќе бидат за програми кои поддржуваат слободни и независни медиуми, борба против корупцијата, заштита на човековите права, технологија што ја подобрува демократијата и слободни и фер избори.