Конференцијата беше предизборно ветување на Бајден, кој во фокусот на својата надворешна политика ја стави борбата меѓу демократиите и „автократските влади“.„Самитот за демократија“ ќе се одржи онлајн формат на 9 и 10 декември.
Кинеската Влада ја предупреди администрацијата на Бајден дека прави „грешка“ со тоа што го поканила Тајван да учествува на Самитот за демократија заедно со 109 други претставници на демократските влади.
Жу Фенглијан, портпаролка на кинеската канцеларија за Тајван, предупреди дека поканата на Тајван на самитот е „грешка“, нагласувајќи дека Пекинг е против „секаква официјална интеракција меѓу САД и кинескиот регион Тајван“.

– Овој став е јасен и конзистентен. Ги повикуваме САД да се придржуваат до принципот „една Кина“, истакна Фенглијан.

Не е чудно што главните американски ривали, Кина и Русија, не се меѓу поканетите.САД го поканија Тајван, кој не го признава како независна земја, но го смета за примерна демократија.

Американскиот потег се очекува дополнително да ги разгори тензиите меѓу двете велесили.