Во телевизиското обраќање од Синсинати, Бајден кажа кризата многу ги погоди невакцинираните во време кога ширењето на делта сојот на вирусот доведе до зголемување на бројот на нови инфекции низ целата земја, пренесуваат американските медиуми.

– Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираа, тое е темелот и тоа едноставно така. Десет илјади лица неодамна починаа од Ковид-19, а 9.950 од нив не биле вакцинирани, рече Бајден.

Претседателот изрази огорченост затоа што толку многу Американци, кои можат да бидат вакцинирани, не сакаат тоа да го сторат.

Истовремено, тој изрази оптимизам дека во следните месеци ќе се одобри вакцинација и за децата на возраст под 12 години.

– Доколку се вакцинирате, нема да бидете хоспитализирани, нема да бидете на интензивна нега и нема да умрете. Затоа е од огромна важност е сите да се однесуваме како Американци кои се грижат за своите сонародници, рече Бајден.