Здравствената криза во Америка е поттикната од синтетичките лекарства против болка наречени и опиоди, една од најсилните форми на вакви лекарства е фентанилот, кој се смета дека е 50 до 100 пати посилен од хероинот.
Фентанилот во САД легални и криумчарен, е од кинеско производство и затоа Бајден рече дека ќе ја „соочува Кина“ околу ова прашање.
За време на средба со граѓаните во Синсинати, организирана од Си-Ен-Ен, тој изјави дека неговата Администрација значително го зголемилa бројот на вработени во Одделот за правда, каде се работи на проблемот со наркотици и опиоди.
Смртноста од предозирање во САД лани се зголемила до 91.331 лице, се дознава од податоците на државните Центри за спречување на заболувањата. Опиодите и фентанилот се нејголемите причинители.
Поранешни советници за национална безбедност на САД минатат недела потпишаа писмо до претседателот да прокламира дека фентанилот е оружје за масовно уништување.
Во меѓувреме, сојузните држави најавија склучување зделка со фармацевтот „Џонсон и Џонсон“ и три други дистрибутери на опиоди во виснба од 26 милијарди долари за оштета на илјадници тужители настрадани од епидемијата со опиоди во САД во изминативе две децении.