Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека забраната за влез во САД за патници од осум африкански земји ќе биде укината на 31 декември.
Забраната беше донесена пред еден месец поради појавата на новата варијанта коронавирус, Омикрон, во тој дел од светот.
„Овие ограничувања повеќе не се неопходни за заштита на јавното здравје“, вели Бајден во новиот указ.
Патниците од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави ќе можат да влезат во САД од петок.
„Нивото на опасност е помало од првично проценето“, наведува Бајден, додавајќи дека научниците заклучиле дека вакцинираните против коронавирус се заштитени од сериозни форми на болеста.