Тој ја упати пораката неколку дена откако не беше исполнета целта 70 отсто од граѓаните да бидат имунизирани со најмалку една доза до Денот на независноста.
-Америка се враќа и се спојува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Ова стана голема загриженост поради варијантата Делта, која е полесно пренослива и поопасна, нагласи Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава.
Здравствените власти на САД во петокот соопштија дека 67 проценти примиле една доза вакцина против Ковид-19, а 47 проценти примиле две дози.