Целиот Балкан е во пламен. Пожари беснеат во Грција, Албанија и Бугарија. Се евакуираат туристи, побарана е меѓународна помош низ државите. Критично на повеќе локации.

Активни жаришта на четири фронта низ Грција

Пожарникари и доброволци синоќа интензивно интервенираа на повеќе локации во Грција, вклучително и во Аттика, Китира, Месенија и на островот Евија. Според портпаролот на грчката противпожарна служба, Василис Ватракојанис, и покрај воздушната поддршка од утринските часови, пожари и понатаму беснеат на четири клучни фронта. Во Молаои, Лаконија, и по цела ноќ работа, сè уште има активни жаришта.

Критични точки – од Евија до Месенија

На Евија, жариштата се концентрирани јужно од населеното место Рицона, каде делуваат четири авиони и два хеликоптери. Во Хања, пожарот се обидува да се стави под контрола со два хеликоптера и пешадиски тимови. Особено опасен е пожарот на Китира, каде се ангажирани 67 пожарникари, доброволци, три хеликоптери и два авиона. Најголема мобилизација има во Политеја, во округот Месенија, со над 100 пожарникари, пет тимови Шумска команда, 30 возила и седум авиони.

Албанија и Бугарија бараат помош – пожар на 15 км од српската граница

Албанија се соочува со сериозна состојба во Борш, каде беа евакуирани 40 лица. Во интервенциите учествуваат над 200 припадници на службите и два хеликоптери. Италијански канадер веќе делува на терен. Во Бугарија, огнот беснее на само 15 километри од границата со Србија, а властите побараа меѓународна помош преку механизмите на Европската Унија.

Повеќе погледнете од веста во продолжение:

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО АЛБАНИЈА: Туристи евакуирани поради пожари на југот од земјата

Ватракојанис предупредува дека поради неповолни временски услови и висок индекс на ризик, постои реална опасност од појава на нови пожари во текот на денот.

Извор: Блиц