Македонија ќе настапи со 94 натпреварувачи во сите дисциплини, Србија со 57, Босна и Херцеговина со 28, Црна Гора и Словенија со 14, Турција со 10 и Косово со 4 кикбоксери.

На БП се очекува да присустува и претседателот на ВАКО, Рој Бејкер.

Натпреварувањето ќе се одвива по строгите протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Балканското првенство за кадети, јуниори и сениори требаше да се одржи 25 до 27 септември мината година, но поради состојбата со коронавирусот беше одложено.

Тогаш на официјалната фејсбук страница на ВАКО Македонија беше објаснето дека во консултации со Балканската ВАКО федерација и со Агенцијата за млади и спорт е одлучено да Балканското првенство да биде одложено.