Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид не ја доставило комплетната документација за промена на името во законски предвидениот рок што истече на 16 февруари.

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски  вели дека здружението доставило само допис во кој бараат усогласување со постоечкиот закон, без да се наведе што конкретно бараат.

За разлика од него, бугарското здружение „Иван Михајлов“ од Битола, воопшто не доставило никакво барање.

Но не само за бугарските здруженија, од Централниот регистар испратиле список од вкупно 17 илјади здруженија кои треба да ги провери Комисјата и да се донесе одлука дали некое ќе биде избришано.

Откако во Собранието беа изгласани законските измени, здруженијата и фондациите со своите називи не смеат да користат имиња на личности кои се поврзани со фашизам, нацизам, Третиот рајх итн.

Според законот, сите здруженијата имаа рок до 16-ти февруари да направат усогласување. Оние што се усогласиле согласно законските измени ќе бидат избришани од Централниот регистар со одлука на министерот за правда најдоцна до 16-ти март, откако свое мислење ќе даде Комисијата за имиња.