Македонската фудбалска репрезентација денеска ја пречекува Малта на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Ова ќе биде прв натпревар за нашиот национален тим во квалификациите за Европското првенство и целта е јасна, освојување на трите бода и позитивен старт на овој циклус.

-Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме, вели репрезентативецот Енис Барди.