Енис Барди имаше деби како од сон како прв капитен на македонската репрезентација постигнувајќи го погодокот за израмнување против Италија. Барди и утре треба да биде предводник на теренот, овојпат на гости против Малта, објави Спортманија.

„Многу сум среќен што дадов гол против Италија, но многу посреќен сум што во сите 90 минути игравме како екипа, сплотено. Се покажа дека така се стигнува до позитивен резултат. Веќе ја заборавивме Италија и сега сме фокусирани на дуелот со Малта“, вели Барди.

Дуелот се игра на Националниот стадион „Та-Кали“.

„Секој меч влегуваме 100 отсто и тоа ни е многу важно. Имаме еден голем тест пред нас. Свесни сме што нѐ очекува, направивме анализи за противникот со ладни глави да пристапиме на мечот и да го дадеме најдоброто“, додава капитенот на македонската репрезентација.