„Македонија на Македонците“ ечи на Малта, а фалангата се спрема за вечерашниот натпревар кој е петти во квалификациите за ЕВРО 2024, а ние сме фаворити за победа.

Македонските навивачи пристигнаа во голем број во Малта, а според првичните информации во Малта ќе има над 2.000 фанови. Дел патуваа директно од Скопје, но голем дел од тамошните фанови кои ќе бидат и нашинци кои работат таму.

Тие веќе низ градот ги развиорија македонските знамиња и запалија факели подготвувајќи се за петтиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024, закажан за 20.45 часот.

Селекцијата на Малта е и единствената против која избраниците на Благоја Милевски обезбедија победа досега во циклусот. Видео за македонските навивачи во Малта беше објавено и кај профилот Боемот 2.0 на Инстаграм. Тоа може да го погледнете ТУКА.