Градската капела во Тетово, која беше изградена пред две години, сè уште не е пуштена во функција, зошто се работи на остранување на техничките пропусти направени при изградбата на капелата и поставувањето на комората.
Градската капела која општинските власти ја ветуваа повеќе од една деценија конечно се изгради пред две години, но таа сè уште не е во функција. Причина за тоа е што наместо соодветна комора, изведувачот на работите поставил комора каде, како што велат вработените од православните гробишта, е наменета за чување на батаци и сувомеснати производи, односно комора со многу мала димензија. Поради ваквиот пропуст капелата не беше пуштена во употреба, а сега како што најавија од ЈКП Тетоово веќе се работи на остранување на пропуститите, пренесува ММС.