Државата ја чека тешка и крајно непредвидлива зима. Капацитетите во моментот се исцрпени а со инфлацијата и куповната моќ на граѓаните е намалена. Сето ова ќе се одрази врз животниот стандард на граѓаните и функционирањето на фирмите вели економскиот аналитичар Абил Бауш.
За очекување е до крајот на годината да имаме стабилни инфлациони параметри кои би се почувствувале во последниот квартал од годината, смета Бауш.
Од ребаланост на Буџетот, очекувал да биде повеќе штедлив и насочен кон економскиот раст и развој на државата, но напротив, прво што се укинале со него биле капитални инвстиции.
Владата треба сериозно да почне да размислува како подобро да го крои Буџетот, со што би се овозможил фер третман кон сите граѓани на државата и кон стопанството додава Бауш за Лидер.
Лидер: Францускиот предлог и Пртоколот го изместија фокусот од реалните проблеми на граѓаните. Топлото лето ги анулира минусните темпетури кои ни престојат. Каква зима ја очекува Македонија? Дали државата е подготвена да се соочи со енегретската криза или повторно се ќе се крши врз грбот на граѓаните?
-Соочувањето со енергетската криза не се прави со преземање на итни и панични мерки со кои краткорочно може да ја ублажите кризата па потоа на среден и на долг рок ќе треба крајно да најдете стратешки решенија за кризата. Да, нашата држава ја чека тешка и крајно непредвидлива зима. Капацитетите на државата во моментот се исцрпени а пак со инфлацијата и куповната моќ на граѓаните е намалена . Ние за жал и да не ја имаме актуелната криза со инфлацијата и недостатокот не енергенси ние не сме подготвени да се соочиме со реалноста а тоа е со нашите дотраени енергетски капацитети и плус немање на алтернативни извори на енергија. Сето ова ќе влијае и врз реалниот сектор а исто така и врз грбот на граѓаните.
Лидер: Колку бизнисите можат да го издржат товарот од повеќеслојната криза? Претстојат ли затворање на фирми, отпуштање работници и зголемување на невработеноста?
-Во случај на покачување на цените на производите и услугите на енергенсите во време на двоцифрена инфлација во последниот квартал од годината е за очекување дека товарот ќе се пресели и во реалниот сектор, односно врз бизнисот. Ние се соочуваме со една парадоксална ситуација со тоа што во моментот имаме недостаток на работна сила во пазарот на трудот а исто така и на нефункционирањето со полн капацитет на компаниите од пред пандемијата па се до денес. Во ситуацијата во која што сме не очекувам дека би се зголемила драстично невработеноста таа и така е во некој оптимални рамки од 15%. Со последните владини мерки мислам дека е за очекување да се зачува домашното производство и да се субвенционираат компаниите кои директно влијаат врз самата криза. За очекување е до крајот на годината да имаме стабилни инфлациони параметри и дека годината ќе ја завршиме со некој мал економски раст нормално многу помал од планираното но дека наредната година е за очекување да имаме некој по нормален економски развој со посмирени економски параметри.
Лидер: По вртоглавите цени и скок на горивата, последниве денови се бележи опаѓање на цената? Дали и кога може да очекуваме ценовна стабилизација?
-Да, за очекување беше да има благо намалување на цените на горивата и тоа го најавувавме дека во третиот квартал на годината би имале стабилизирање на цените но треба да очекуваме некое драстично намалување на цените на производите. Во услови кога сите држави во светот се навикнуваат на новата реалност и преземаат мерки за стабилизација од ценовните шокови е за очекување да имаме стабилизација на цените почнувајќи во третиот квартал за да имаме почувствително стабилизација во последниот квартал од годината.
Лидер: Парите ја губат вредноста. Со ребалансот на Буџетот покачување на платите добија во секторот образование и труд и социјала. Колку ребалансот носи подобар животен стандард за останатите категории ?
-Со ребалансот на Буџетот се очекуваше дека би имало повеќе средства во капитални инвестиции во секторите на кој ние со години имаме проблеми но како и секогаш ние за жал како економист има една друга концепција за проекција на Буџетот јас мислам дека буџетот да биде развоен ќе треба за секој потрошен денар да се види намената и како тој ќе влијае во економскиот раст и развој, а за да се направи тоа треба да се инвестира сериозно во капиталните инвестиции кој кај нас за жал немаат некое голем удел. Овој ребаланс на Буџетот очекував дека ќе биде повеќе штедлив но во исто време да не ги укине капиталните инвестиции, но прво што се нарави се укинаа капиталните инвестиции и потоа некој други неуделни трошоци. Во меѓувреме стапката на јавен долг ќе се зголеми преку буџетскиот дефицит, кој пак ти пари би ги добиле со поголема каматна стапка и плус со сервисирање на јавниот долг и некој оперативни трошења и зголемување на плати во јавниот сектор. Јас мислам дека Владата треба сериозно да почне да размислува како подобро да го крои Буџетот кој би овозможил фер третман кон сите граѓани на државата, кон стопанството и кој понатаму би имал сериозен влијание врз економскиот раст и развој на државата. Од друга страна политичките актери да се занимаваат со поголеми стратешки политики и кој би очекувале резултатите да ги добијат на подолг период.