Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им кажал дека оди на состанок со министерот за одбрана, рече Ершад.

“Толку сум лута што не можам да опишам со зборови. Ги напушти земјата и луѓето. Не знам зошто му верував и гласав за него”, додаде поранешната пратеничка во авганистанскиот Парламент, Елеј Ершад.

Соработник на досегашниот претседател вчера за Би -Би -Си кажа дека авганистанските лидери го замолиле Гани да ја напушти земјата за да се избегне крвопролевање, додавајќи дека сега поранешниот претседател планира еден ден да се врати во земјата.