Талибанците ќе создадат терористички центар на авганистанска територија. Тоа ќе доведе до продолжување на терористичките напади буквално низ целиот свет, изјави Земан.

Талибанците нема да имаат проблеми со финансирањето, бидејќи би можеле да заработат за живот од продажба на опиум, а „Авганистан е најголемиот производител на опиум во светот“, додаде тој.

Земан, кој според Уставот е главен командант на чешката армија, исто така, го напаѓа НАТО поради одлуката да се повлече од Авганистан.

– Веќе го критикував повлекувањето на самитот на НАТО во Лондон пред една година и сега на самитот на НАТО во Брисел. Ги погледнав (Доналд) Трамп и (Џо) Бајден в очи, велејќи им дека тоа е кукавичлук. Мислам дека со напуштањето на Авганистан, Американците го загубија престижот на глобален лидер и самиот НАТО предизвика сомнежи за легитимноста на неговото постоење, рече Земан.

Земан постојано се противи на имиграцијата од муслиманските земји и еднаш го спореди починатиот палестински лидер Јасер Арафат со Адолф Хитлер.