Поранешниот министер за економија од ДУИ, Крешник Бектеши вели дека се можни тензии по укинувањето на балансерот, пренесува Фактор.

„Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација и тие самите сакаат да дестабилизираат. ДУИ, Ахмети и ние како претседателство на партијата јасно кажавме дека на нашата држава не ѝ треба дестабилизација, но во спротивно и требаат разговори и треба дијалог каде што сите ќе бидат еднакви во оваа држава“, вели тој во интервју за Радио Слободна Европа.

Уставниот суд го укина балансерот. Од ДУИ не се задоволни од оваа одлука.