Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во изјава за медиумите, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека ни самиот не знаел дали бил, или не бил член на ДУИ.

-Јас првенствено за себе не знам дали сум или не сум член. ДУИ е демократска компанија. Во ДУИ се гласа, се дебатира. За саат време можете да дојдете во Тетово и да ја следите седницата – изјави Бектеши.