– Рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај ако заедно со Комисијата за заразни болести утврдиме дека бројот на заразени се намалува. Како што гледате, веќе секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки предложени од Комисијата – вели Бектеши одговарајќи на новинарско прашање
Сепак, тој но не прецизираше на кој начин ќе работат ваквите ресторани и дали веќе има изготвено посебен протокол за нив.
Во однос на недела неработен ден, трговските центри и поединци ќе работат во недела, а дополнително ќе треба да платат 100% поголема дневница, а два отсто од остварениот приход ќе треба да го уплатат во државната каса.
За оние кои нема да ги почитуваат законските обврски, санкции им следуваат според Законот за работни односи, а дополнително и ДПИ ќе може да врши контрола во исплатата на дневници.
– Само да бидам појасен, бидејќи по медиумите видов дека угостителските објекти во недела ќе работат само една смена, тоа не е точно. Ова е предвидено во Законот за угостителска дејност, значи ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не се предвидени измени со „недела неработен ден“ – рече Бектеши.