Од телевизиските екрани на утринска емисија на национален медиум, до Oдделение за управување со проекти и соработка со меѓународни и граѓански организации. Работното искуство, образованието и интервјуто ѝ помогнале да победи на оглас, и да се вработи во Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Три државни филтри потврдиле, а финансии на Фатмир Бесими ѝ ја одобриле платата. За Улка Каба Бектеши, нововработената во владината агенција не чул министерот за информатичко општество. Но, за да прерасне во скандал за непотизам, таа е сопруга на министерот за економија Крешник Бектеши.
И во агенцијата каде што влегува на работа е само шифра на кандидат. Процесот на одлучување го водела Агенцијата за админситрација. Претходел оглас, три фази на оценување, а сега и рок од 8 дена да се оспори изборот од вториот кандидат.
Вработена е на местото Виш соработник за изработка на проекти во Секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации. Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, по што во јавноста имаше бурни реакции. Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила. Реагираше Антикорупциска, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500-тини евра