Белата куќа го повика Конгресот итно да финансира помош од 10 милијарди долари за борба против пандемијата на коронавирус, откако беше постигнат двопартиски консензус и драстично беше намалена почетната сума на администрацијата на претседателот Џо Бајден од 22,5 милијарди долари.
„Го повикуваме Конгресот веднаш да стартува со овој пакет од 10 милијарди долари бидејќи може да почне да ги финансира критичните потреби, имајќи предвид дека во моментов сме изложени на ризик од недостиг на клучни алатки како што се лекови и тестови планирани за мај и јуни“, се наведува во соопштението лиферувано од портпаролката Џен Псаки.