-Ова не е ден за политиканство. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели нашата решеност да ги гониме, да се бориме и да ги убиваме овие терористи, каде и да се, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки на брифинг во Белата куќа.

Портпаролот на Пентагон, генерал Кенет Франк Мекензи, претходно изјави дека 13 американски војници загинале во нападот во близина на аеродромот во Кабул, а 15 се повредени.

По активирањето на бомбите на аеродромот во Кабул, голем број републикански конгресмени и сенатори го повикаа Бајден да поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за грешките во организирањето на повлекувањето на војниците и евакуацијата на цивилите од Авганистан.