Белград утрово е петти најзагаден град во светот, воздухот во главниот град на Србија е оценет како нездрав на веб-страницата „IQair“.
Според пресекот во 7 часот и 15 минути на таа веб-страница, индексот на загаденоста на воздухот во Белград е 179, со концентрација на ПМ2,5 честички 21 пати поголема од препораките на Светската здравствена организација.
Најзагаден град утринава е Карачи во Пакистан со индекс на загаденост 192, потоа Калкута во Индија со индекс 190 и Краков во Полска со 188, Скопје (163), Берлин (161) и Софија (161).