МВР место да се занимава со брзи разрешници за осетливите инциденти кои може да доведат до поголема нестабилност, тие се занимаваат со мене и лажат дека имало само два инциденти во последниов период и дека станува збор за изолирани случаи.
Не господа, не се ова изолирани случаи ниту се два инциденти, туку серија на настани во кои физички се напаѓаат деца од Бутел и Радишани кои се возат во автобус број 57. Интезивни провокации, напади и понижувања кои траат веќе со месеци. Се напаѓа и денски, но највеќе навечер при враќане на младите од центарот на градот према дома, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Зошто се пријавени само два случаи е прашање кое кое МВР треба да си го постави само на себе, веројатно ви е повеќе од јасно дека станува збор за врвна недоверба во системот тоест институциите.

Оставете ја политиката на страна, фатетесе за работа и веднаш казнетеги сторителите, објавете јавно кои се, со слика име и презиме. Поставете патроли на критичните места веднаш, покажете дека во оваа држава има елементарен ред и закони.

Јас и родителите следиме будно, се надеваме дека овој проблем ќе биде решен.

Тука сум да го штитам секој граѓанин на општината доколку е на вистинската страна од законот, мојот легитимитет доаѓа директно од народот и затоа ќе бидам тука секогаш кога е потребно, напиша тој.