За време на дочекот на Новата година планира да организира и забава за своите и граѓаните од регионов и пошироко кои ќе се одлучлат 2022 да ја дочекаат во српската престолнина.
Белград планира новогодишното осветлување на улиците и плоштадите да го вклучи на 1 декември во десет градски општини, во приградските населби околу 5 декември, а досега се украсени 53 од 123 планирани улици.
-Белград има едно од најдобрите новогодишни осветлувања во овој дел од Европа и ние сме среќни бидејќи тоа покажува дека напредуваме како град, а секогаш е добро градот да биде украсен за новогодишните празници, изјави Горан Весиќ заменик градоначалник на Белград, за ТВ Пинк.
Вклучувањето на новогодишното осветлување значи почеток на манифестацијата „Белградска зима“, која содржи голем број програми за деца како Трг на бајки пред општина Звездара, потоа програмата во Паркот на војводата Вук. Дополнително, ќе има програми во центрите на сите приградски општини, а во центарот, покрај лизгалиштето кое веќе традиционално се нуди, ќе се организира и дочек на Нова година информира Весиќ.
Граѓаните кои ќе се одлучат новогодишната да ја дочеката во Белград ги очекува спектакл на платото пред домот на Народното собрание, односно настап на три големи ѕвезди, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ. Дополнително, на Славија на 30 декември ќе се организира вечер за млади, а на 1 јануари ќе има настан „Улица на отворено срце“…
Организацијата на забавата зависи од епидемиолошките мерки кои во моментов никој не може да ги знае.