Европската Унија (ЕУ) тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да се обидат да ја минат границата со Полска и се заканува со нови санкции за Минск и авиокомпаниите што превезуваат мигранти што би можеле да стапат на сила веќе во понеделник.

Алијансата ја обвинува Белорусија дека извршила хибриден напад и дека сојузникот на Кремљ предупредил оти кризата може да ескалира во воен конфликт.

Согласно одлуката на турските власти, државјаните на Ирак, Сирија и Јемен нема да бидат прифатени на летови од Турција до Белорусија од 12 ноември 2021 година, порача „Белавиа“ преку својата официјална веб-страница.

На авиокомпанијата и беше забрането да лета над воздушниот простор на ЕУ, откако властите во Минск претходно оваа година наредија авион на „Rајанер“, кој летал од Грција за Литванија, принудно да слета во Белорусија за да можат да го уапсат белорускиот дисидент Роман Проташевич и неговиот партнер.

„Белавиа“ продолжува да лета до дестинации како Египет, Јордан, ОАЕ, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Казахстан.