Апелација ги зголеми казните за трагедијата во Ласкарци: Дурмиш Белули доби 10 години затвор
По шест години од трагичната несреќа кај Ласкарци, Скопскиот апелациски суд ја прифати жалбата на Обвинителството и изрече построги казни за дел од осудените лица. Најголеми промени има кај Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо Турс“, кој наместо четири, ќе издржува десет години затворска казна.
Роднините на загинатите незадоволни од пресудата за „Ласкарци“
Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во компанијата, исто така доби зголемена казна од 10 години, наместо првичните шест. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена првостепената казна од 14 години затвор, во која ќе му се пресмета и времето поминато во домашен притвор.
Дополнително, вработените во станицата за технички преглед добија зголемени казни. Тие изнесуваат од 5 на 7 години затвор, освен еден од обвинетите кај кого останува првичната пресуда од пет години.
И министерот Тошковски пред извесен период се огласи за оваа трагедија.
Роднините упатени на граѓанска парница за отштета
Роднините на 15 загинати и 30 повредени во несреќата се упатени да побараат отштета преку Граѓанскиот суд, откако кривичниот процес доби правосилност.
Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година. Тогаш автобусот на „Дурмо Турс“ излета од автопатот Скопје–Тетово, ја премина спротивната коловозна лента и се преврте од неколку метри височина кај селото Ласкарци.
Судењето почна во втората половина на 2019 година, а по пет и пол години доби правосилна пресуда.
Извор: МРТ