„Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателтот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Бендевска посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.
„Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека не иззвршвуање на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон“, рече Бендевска.
Таа додаде дека во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекреши како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификвауно и се дел од уставниот поредок.