– Очекувано гласав за разрешување на Баша. Сега секој Албанец треба да споредува два света, слободата и автократијата. Потсетувајќи се на овој голем контраст, потсетуваме дека ова е референдум на надеж за секој Албанец, рече тој.

Бериша гласаше на гласачко место сместено во угостителскиот објект „Бар Америка“, во близiна на Aмерканската амбасада.

На новинарско прашање дали гласањето во „Бар Америка“ е провокација за САД, тој одговори: „Колку може за Америка ќе биде провокација. Тоа е земја на која и се восхитувам. Ако го земете од друг аспект, од оваа мала кафеана овде, се испраќа порака до конзервативните сили во Европа и САД, дека членството го практикува своето слободно гласање, против претседател кој ја зграпчи партијата како заложник и ја доживеа најфаталната метаморфоза, која не може да се најде ниту во романите на Кафка“.

Тој посочи дека неговата битка за слободен глас не може да биде битка против САД и ниту една друга слободна земја. Притоа потенцираше дека неговата лична битка се води во суд во Париз.