Откако албанскиот парламент го одобри барањето на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, поранешниот премиер Сали Бериша да се соочи со правдата, од седиштето на Демократската партија, порача дека „и без имунитет е посилен од било кога“.

-Јас сум посилен од било кога. Јас сум порешителен од било кога во одбрана на праведната кауза на опозицијата. Нема сила во светот што може да ги победи идеалите на демократијата, рече тој.

Одлуката на Собранието да му го одземе имунитетот ја оцени како политичка одмазда и оти сè што е преземено против него е нелегитимно.