Во однос на ризиците што се наведени, Бесими во изјава за телевизија Сител нагласува дека едниот е од неекономска природа, како што е влошување на состојбата со пандемијата, додека вториот се однесува на европската перспектива и започнување на преговорите што ќе влијае на инвестициите. Отворањето на преговорите и реформските активности се очекува да влијаат на подобрување на рејтингот.
Стабилниот изглед, како што се нотира во Извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година.
Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.
Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во Извештајот.