Како меур од сапуница пукна долгонајавуваната инвестиција на СДСМ и ДУИ за фабрика за електрични автомобили во Тетово. Но, она што главно се поставува како прашање е „што се случи со државната помош од 42,5 милиони евра“?

Пред една година најавија голема инвестиција за вработување на 900 лица и доделија пари на граѓаните, се сликаа со лопати. По една година, увидоа дека ништо од фабриката за автомобили и ги повлекоа парите. Лопати со цемент фрлаа тогашниот премиер Димитар Ковачевски, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. На настанот се собраа куп државници. Сега од ТИРЗ обелоденија дека запираат со доделувањето на државните средства.

Се огласија од ТИРЗ Тетово

„Дирекцијата на ТИРЗ како застапник на Владата во договорот за доделување државна помош со компанијата ‘е.Го‘ информира дека се запира извршувањето на договорот и на секоја постапка предвидена за доделување јавни средства. Запирањето на доделувањето државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата ‘мајка‘ во Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ ги активира заштитните механизми од потпишаниот договор кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување државна помош. Имајќи го предвид интересот на граѓаните, информираме дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од ТИРЗ-Тетово“.

Почетокот на изградбата на фабриката беше одбележан со голема церемнија. Во први редови беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тогашниот собраниски претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, минситерот за транспорт, Благој Бочварски.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ

И како што бива со се кога е во прашање власта на ДУИ и СДС и овој „грандиозен проект“ стана потемкино село. Се организираше скапа прослава, која веројатно е платена со народни пари, се изеде, се испи, се изнасликаа и на крај си заминаа по дома.

Помпезна најава од властите

Да потсетиме што кажуваа во таа прилика владините функционери.

· Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ (читај фирма блиска до ДУИ) ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.

· „Денес ќе се постават темелите на инвестиција која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и којашто ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места“, рече премиерот Димитар Ковачевски на 13 август годинава.

· „Градбата на самиот објект треба да започне во следните 6 до 8 недели. Тоа значи дека многу брзо, на почетокот на есента, ќе го видиме почетокот на градежните работи“, рече директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски по завршувањето на церемонијата.

· „Со оваа мултимилионска инвестиција на компанијата e.GO во ТИРЗ Тетово каде за прв пат ќе почнат да се произведуваат електрични возила во Северна Македонија, започнува нова ера во делот на странските инвестиции. Е-Го е многу сериозна компанија, со седиште во Германија, нема да помине повеќе од еден месец и ќе почне да се гради“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

· „Големите инвестиции имаат ефект на снежна топка. Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции“, ќе рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Каде отидоа 42,5 милиони евра државна помош?

Но, најстрашно е дали и каде заврши најавената државна помош за оваа голема лага. Имено владата одлучи оваа „инвестиција“ да ја поддржи со 35% од вкупната вредност, односно со 42,5 милиони евра народни пари.

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде отидоа овие пари

Медиумите во април месец 2023 објавија дека инвеститорот Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра согласно извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022. Дека има нешто сомнително во оваа зделка говори и фактот што за јавноста остана непознат договорот на државата со компанијата инвеститор, бидејќи Владата не овозможуваше увид во целосната содржина на договорот, кој беше потпишан во август 2022 година.

Повик до институциите да го истражат случајот

Повикуваме надлежните институции детално да го истражат случајот со државната помош за „фабриката за електрични автомобили“ во Тетово. Доколку тоа не се направи сега, после изборите и промената на власта ќе се спроведе целосна ревизија на овој таканаречен проект и ќе се провери дали и каде завршил секој денар од народните пари.