Таа најави дека првата фаза, односно ревидирање и оптимизирање внатре во процесот веќе е отпочната.

– За пензионерите во секој случај е неопходно да се врати бесплатниот превоз кој што го имаа претходно. Тоа е нешто што навистина е во нивен интерес и мислам дека заслужиле да имаат бесплатен јавен превоз. Понатаму, ќе се изедначат категориите, ги видовме дека ги има според мене. Тоа е едно воведување на еднаквост не само за студентите и средношколците, туку и оние што се во приватните средни училишта и на приватните факултети. Тие не се ништо помалку ученици или студенти, значи мораат да имаат иста таква подеднаква привилегија како сите останати за да можат да ги користат – појасни Арсовска.

Таа додаде дека ќе се воведат не само овие траси кои се најавени, туку ќе се направи план програма за да можат да се донесат нови електрични автобуси, да се стават на брзи ленти кои би требало да бидат регулирани како што е пракса во сообраќајот во голем дел од метрополите низ Европа.