Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.
Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.
– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација, велат Ангов и Јаневски.