-Од 30.04. (петок) до 03.05.2021 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 04.05.2021 година (вторник) со вообичаено работно време.Тимот на ЈП „Паркинзи““ на општина Центар им ги честита велигденските празници на граѓаните од православна вероисповед, информира јавното претпријатие.