ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(43) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела на улицата „8 Ноември“ во Струга, бесправно изградил доградба на куќа без притоа да поседува соодветно одобрение издадено од надлежен државен орган.