Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Кавадарци, поради сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавената, на 16.10.2022 неовластено пристапила до мобилен телефон и, користејќи ја електронската дебитна картичка од оштетената, извршила нелегална онлајн трансакција од 21.000 денари“, соопшти МВР.