Од ЕВН Македонија АД информираат дека на 17.04.2026 година (петок) ќе има планирани прекини на електричната енергија во повеќе делови од Скопје.

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток. Исто така, без напојување ќе останат и објектите на фирмите Електроводомонт и Европа 92 во општина Карпош.

Од 09.30 до 14.00 часот прекин ќе има во селата Рашче, Копаница и Бојане. Во овој период без струја ќе биде и каптажата Рашче, како и дел од корисниците во селото Кондово во општина Сарај.

Во периодот од 11.00 до 13.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Рилски Конгрес од број 2 до број 8. Прекин ќе има и за корисниците од улицата Ѓорѓи Скрижевски, на потегот од раскрсницата со улицата Христо Чернопеев до раскрсницата со улицата Рилски Конгрес во општина Центар.