Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од бул. „Видое Смилевски Бато“, (блокот спроти ПСС згради бр. 1, 3, 5 и 9) во Општина Аеродром. Од 9 до 14 часот, бул. „Партизански одреди“, зграда бр. 66., во Општина Карпош. Од 9 до 10:30 часот, дел од ул. „Лазар Димитров“ (од бр. 38 до бр. 45) и ул. „Добромир Хрс“ во Општина Кисела Вода.

Од 9 до 13 часот, ул. 3 во село Горно Соње во Општина Сопиште, а од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Студеничани, од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери“. Без струја утре од 12 до 15 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Морани во Општина Студеничани.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре поради менување водоводен вентил во шахта на „Никола Русински“ бр. 12 во општина Карпош., од 9:30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица.

Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.„Тиквешка“ бб во Општина Шуто Оризари, од 17 часот водата е затворена и прекинато водоснабдување имаат корисниците од дел од таа улица. На отстранување на дефектот ќе се работи утре во претпладневните часови.