Ова се дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Гази Баба, а за кои говори кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски во интервјуто за „Република“.

Стојковски е убеден дека проектите што ги најавува, како што се нови градинки, училишта, амбуланти се реални и остварливи.

Во програмата имаме 129 проекти и потпроекти кои се однесуваат за секое населено место со точен извор на финансирање и со периодот кога ќе ја реализираме. Гази Баба има доволно средства и се надеваме на поддршка на Градот Скопје и од државниот буџет и гарантираме и веруваме дека оваа програма е реално остварлива и во наредниот четиригодишен мандат ќе биде реализирана-ветува Стефковски.

Се ветува и развој на индустриската зона кај Северната обиколница како и на тие кај Железарница и МЗТ .

Индустриската зона ќе биде за објекти од лесна и незагадувачка индустрија, магацини, стоваришта и дистрибутивни центри. Се простира на 284 хектари и ќе добра и за домашните и за странските инвеститори и да се отворат нови вработувања. Местоположбата е добра и се надевам дека во следниот период ќе ја развиеме и ќе донесеме неколку странски инвестиции. Се планира и ревитализација на постоечката индустриска зона МЗТ и во Железарница.

Стефковски признава дека голем проблем во Гази Баба е загадувањето но и за овој проблем имаат разработено детален план во програмата.

Мораме да изработиме реален катастар на загадувачи но и катастар на зеленило и детално да го попишеме целото зеленило. Се обврзуваме да имаме зелена општина и за десет проценти ќе ги зголемиме сите зелени површини и ќе засадиме петстотни илјади дрва. Ќе дадеме и финансиска поддршка на јавното комунално претпријатие во Гази Баба кое ќе биде задолжено за детектирање и за чистење на сите диви депонии, изградба на фекална мрежа со прочистителни станици за отпадните води. Ќе поставиме и подземни контејнери и најважното затворање на депонијата Вардариште која е еколошка бомба не само за Гази Баба туку и за Скопје. Планот е да се претвори во спортски комплекс со зелени површини. И многу е важно да нагласам дека нема да дозволам во Гази Баба да се отворат капацитети со хемиски отпад.

Оценувајќи ја работата на досегашниот градоначалник, Стефковски вели дека граѓаните биле прелажани со една програма „за живот“ но по четири години кај граѓаните има само разочарување и апатија.

Неговата програма е реалзирана само десетина проценти. Нема ново учлиште во Керамидница, градинка со Сингелиќ, Трубарево, Инџиково, гасификанцијата се уште не е отпочната, нема ни затворен базен во Хиподром.