Поради планирани технички зафати во електродистрибутивниот систем утре без електрична енергија ќе останат делови од Ѓорче Петров, Сопиште и Студеничани.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат делови од ул. „Христо Батанџиев“, „Мајски Манифест“, „Јосиф Ковачев“, а од 10:30 до 14 часот дел од Ново Село позади бензинската Петрол Оил во општина Ѓорче Петров.
Од 8 до 13 часот струја ќе немаат населеното место Сопиште, местото викано Осојница во општина Сопиште, а од 9 до 12 часот дел од корисниците на ул. Исаија Маџовски во општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 14 часот без струја ќе остане дел од селото Горно Количани, односно улицата 2 во Студеничани.