Општина Аеродром периодов интензивно работи на реконструкција и обновување на голем број спортски и детски игралишта на ниво на целата територија, со што аеродромци добиваат можност за спорт и рекреација во најсовремени услови, а за децата се создаваат катчиња за безбедна игра.

Спортското игралиште „Никола Христовски- Кољо“ во Ново Лисиче е опремено со најсовремени елементи, како и тартан-подлога, на која може да се спортува во сите временски услови.

Современ лик добива и спортското игралиште во населбата „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите кај поранешна „Стела“, каде што ќе се изврши целосна реконструкција на кошаркарското игралиште што беше заборавено со години, а во овој дел целосно ќе се уреди и запуштеното детско игралиште.

Општината работи на реконструкција и на детските игралишта во населбите Острово, Стар Аеродром, Реонски центар, а во тек е изградба и на комплетно ново игралиште покрај булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, со што и дечињата од овој дел на Аеродром ќе добијат свое место за игра и дружење.