Без струја утре од 10:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улица 19 и објектите зад општинската зграда во населба Илинден.

Прекин на електричната енергија задутре од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од село Градовци во Општина Зелениково. Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Востаничка“, „Партениј Зографски“, „Црниче“, „Димитар Беровски“, „Славејко Арсов“ и улица „Белградска“ во оопштина Центар.