-СДСМ 5 години е на власт, и 5 години нема ниту еден проект со кој ќе се намали загадувањето и ќе се подобри квалитетот на воздух во Скопје и во другите градови.

СДСМ можеше како централна власт, но не направи ништо за да ја доврши гасификацијата. Каде што застана проектот со владата на ВМРО-ДПМНЕ таму е и сега. Нема никаков напредок.

Доколку имаше гас за домаќинствата во Скопје и другите поголеми градови сега ќе зборувавме за намалена загаденост на воздухот.

Гасификацијата е еден од главните фактори кои ќе ја намалат загаденоста на воздухот, а влада на СДСМ не е способна да ја спроведе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе посегне кон реализација на проекти како целосна гасификација на земјата.

Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздух, но за тоа се потребни промени.