ЈП Водовод и канализација известува дека денеска од 09:00 часот, поради промена на водоводен затворач (шибер) Ф 80 мм, на раскрсницата „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“, без вода ќе бидат корисниците од ул. „Орце Николов“ на потегот од ул. „Ѓорѓи Пулевски“ до ул. „Костурски Херои“ и дел од улиците: „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“, во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.