Поради дефект, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот

Дел од централното градско подрачје денеска ќе остане без вода поради санација на дефект на затварачи на водоводната линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот.

Без вода ќе останат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, дел од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, како и улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“.

Прекинот ќе зафати и дел од булеварот „Крсте Мисирков“, населбата Крњево, Македонската телевизија и трговскиот центар „Ист Гејт“.

Намален притисок од Автокоманда до Камник

Од претпријатието додаваат дека со намален притисок на водата ќе биде ниската зона на потегот од Автокоманда до Камник.

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата на водоводната мрежа.