Дел од улиците и булеварите ќе бидат под полициски надзор

Поради одржување на јавен настан, утре од 18 часот во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје. Полициски службеници ќе преземат мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот по трасата на движење.

Настанот ќе започне пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк.

Еве по кои улици ќе се движи колоната

Трасата на движење ќе продолжи по булеварот „Илинден“, потоа лево по улицата „Франклин Рузвелт“, повторно лево по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, а потоа лево по улицата „Димитрие Чуповски“.

Јавниот настан ќе заврши во Паркот „Жена борец“ на улицата „11 Октомври“.

Апел до граѓаните

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците кои ќе бидат опфатени со посебниот режим на сообраќај, со цел да се избегнат застои и да се обезбеди безбедност за сите учесници во сообраќајот.