Поради уличен дефект ф-100 милиметри на улица „Сердарот“ број 112, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од оваа улица во Драчево, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето е во прекин од 12:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, објаснуваат од градски водовод.
Од „Водовод и канализација“ најавуваат и дека поради дефект во шахта на ул. „Жан Жорес“ број 6 прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и од улиците „Јордан Пиперката“ и „Јордан Поп Јорданов“ во населбата Маџари. Од таму додаваат водоснабдувањето е прекинато од 12:20 часот и ќе трае до санирање на дефектот.