Следење на Мицкоски: Политички испостави во безбедносните служби ги злоупотребувале овластувањата

Според поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи Љумобир Ѓурчески, безбедносните служби во земјата, особено Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за контраразузнавање, се злоупотребени со политички мотиви. Тој тврди дека поранешното снимање и следење на Мицкоски, додека бил лидер на опозицијата, е резултат на политизирани структури во безбедносните агенции, кои ги користеле своите позиции за незаконски надзор врз опозициски претставници.

„Постојат информации кои ги класифицирале, иако не го заслужуваат тој статус. Премиерот неодамна изјави дека добивал известувања од службите за безбедност, кои веќе биле објавени во медиумите претходниот ден, што е спротивно на улогата што треба да ја играат безбедносните служби. Тие информации треба да стигнуваат до претседателот на државата, премиерот и функционерите, за навремено преземање на соодветни безбедносни мерки и зачувување на уставниот поредок. Ова е сериозен проблем, длабоко вкоренет во системот. 

Злоупотреби на класифицираните информации

Ѓурчески истакнува дека голем број информации се класифицирани без причина, со што се ограничува транспарентноста. Според него, некои од овие информации биле наменети за повисоките функционери, но истите тие ги дознавале преку медиумите, што е спротивно на легитимната употреба на безбедносните служби.

  • „Овие агенции ја пречекоруваат својата моќ, позиционирајќи се над државата и спроведувајќи незаконски следења и снимања на опозициски фигури и јавни личности. На тој начин, тие го поткопуваат процесот на реформи во безбедносниот сектор,“ изјави Ѓурчески, посочувајќи на долготрајната практика на надзор врз јавни личности и граѓани.

Владата бара декласификација на службените белешки на АНБ

Премиерот, на неодамнешен брифинг со новинарите, откри дека името на Мицкоски било на врвот на листата за следење и обработка додека тој бил лидер на опозицијата, и за него важеле посебни мерки како потенцијална закана за националната безбедност. Наводите сугерираат дека безбедносните служби го третирале Мицкоски како високоризична личност, следејќи го со напредна опрема, вклучувајќи и дронови, а за сето тоа биле направени службени белешки.

Во тек истрага и барање за објавување на документите

Агенцијата за разузнавање сега води истрага за овие наводи, а за случајот ќе извести на затворена седница во декември. Во исто време, Владата побара декласификација на документите од АНБ со цел јавноста да дознае повеќе за обемот на следењето и методите на работа на безбедносните служби.